САД ќе предложат да му помогнат на новиот нигериски лидер да трага по милијардите украдени од земјата долари и ќе ја зголемат американската воена помош во борбата против џихадисти, соопшти Reuters.
Американската администрација ја смета посетата на првиот демократски избран нигериски претседател Мухамаду Бухари во САД следната недела како шанса да го подобри врските меѓу двете земји.
Претставници на американските власти изјавиле дека планираат да испратат воени инструктори да помогнат на нигериската армија во шестгодишната борба против терористичката група “Боко Харам”.
Во 2014 година, САД замрзнаа повеќе од 480 милиони долари, повлечени од Нигерија од поранешниот диктатор Сани Абача и неговите подредени во различни банки во светот.
Во февруари истата година, поранешниот претседател Гудлак Џонатан го разреши претседателот на нигериската централна банка по скандалот со исчезнувањето на 20 милијарди профит од производство на нафта.
