Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) денес објави дека граѓаните кои примиле две дози на вакцина не мора да бидат во карантин, доколку бидат во контакт со заразените со коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.
„Луѓето кои примиле две дози вакцина и ги исполнуваат критериумите повеќе нема да мора да бидат во карантин по контакт со заразените“, соопшти ЦДЦ.
Споменатите критериуми беа примена вакцина, но само три месеци по вакцинирањето. Според ЦДЦ, заштитата обезбедена од вакцината за коронавирус може да заврши по три месеци, па затоа се препорачува карантин.
Дури и оние кои биле вакцинирани треба да им обрнат внимание на можните симптоми,14 дена по сомнителниот контакт.
„Вакцинираните лица исто така треба да се грижат за својата заштита, да носат маски, да држат дистанца, да избегнуваат гужви и да одржуваат лична хигиена“, се вели во соопштението на ЦДЦ.