САД: Конгресот на пауза, судењето на Трамп во Сенатот се уште непознаница

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Во американскиот Конгрес има празнична пауза по одлуката на Претставничкиот дом да го отповика претседателот Доналд Трамп. Членовите на Конгрес отидоа на одмор без договор за да продолжи процесот.

Главното прашање во моментов во Вашингтон е како ќе изгледа таканареченото судење во Сенатот, со кое ќе се одлучи разрешување на Трамп и дали на демократите ќе им биде дозволено да повикуваат нови сведоци во текот на тој процес.

Во Сенатот се уште не е проследена резолуцијата пд Долниот дом на Конгресот, поради што републиканците и Трамп го критикуваа спикерот Ненси Пелоси.

Има пауза во американскиот Конгрес, но републиканците и демократите продолжуваат да се расправаат околу отповикувањето на Трамп и претстојното судење во Сенатот за да се донесе одлука за негово разрешување.

– Тие побрзаа да гласаат за отповикувањето, а сега одеднаш Ненси Пелоси го одложува процесот, рече републиканскиот сенатор од Висконсин, Рон Џонсон.

Во исто време, неговиот демократски колега Даг Џонс од Алабама тврди:

„Ако тие навистина веруваат дека случајот Трамп е тенок, тоа е затоа што претседателот на САД им нареди на своите главни соработници, кои имаат директно знаење за се, да не сведочат“.

Откако Трамп влезе во историјата како трет претседател на САД минатата недела отповикан во Претставничкиот дом, членовите на Конгресот заминаа на одмор без да се согласат за тоа како би изгледало продолжувањето на процесот.

Демократите сакаат сегашните и поранешните соработници на Трамп да сведочат во Сенатот, кои одбија да соработуваат во истрагата за отповикување.

Барањето за нови сведоци, меѓу другото, е оправдано со новообјавените електронски пораки, во кои се вели дека Белата куќа побарала замрзнување на воената помош за Украина само еден час и половина по контроверзниот телефонски разговор на американскиот лидер со неговиот украински колега Володимир Зеленски кој беше повод за отповикување на Трамп.

– Сенаторот Меконел и претседателот Трамп не дадоа добри причини зошто не треба да има сведоци и документи, рече Чак Шумер, лидер на демократското малцинство во Сенатот.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел во повеќе наврати посочи дека нема потреба да се сослушаат сведоци, иако тој не ја исклучи таа можност.

Белата куќа сака брз крај на процесот во Сенатот, каде се очекува Трамп да биде ослободен од обвинувања.

Трамп ја нападна претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Твитер, нарекувајќи ја „луда“ затоа што се уште не испратила резолуција за отповикување, без која не може да започне судењето во Горниот дом на Конгресот.

Пелоси посочува дека нема да го стори тоа се додека не се утврдат правилата за судење.

„Ние сме подготвени кога ќе видиме што имаат“, рече таа.

Додека членовите на Конгрес дискутираат за повлекување, анкетите покажуваат дека проблемот длабоко ја подели земјата.

Според Капри Кафаро, професор на американскиот универзитет во Вашингтон, процесот на отповикување не ги променил ставовите, туку само ги зајакнал постојните.

Сенатот ќе расправа за разрешувањето на Трамп од Претставничкиот дом за злоупотреба на службената должност и опструирање на Конгресот во јануари.

Слични содржини