САД лансира балистичка ракета, однапред ја информирале Русија

од Nikola Popovski
224 прегледи

Американската војска во среда ќе изврши пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III без боева глава и однапред ја известила Русија, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Лансирањето на ракетата постојано беше одложувано поради тензиите во односите со Русија и Кина.

– Утре рано наутро, 7 септември, од базата на вселенските сили Ванденберг во Калифорнија ќе има оперативно пробно лансирање… на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутмен III“ без боева глава – изјави Рајдер на прес-конференција.

Тој го нарече лансирањето „рутински тест“ кој бил однапред планиран и дизајниран да ја потврди „ефективноста и борбената готовност на системот“.

– Соединетите Американски Држави однапред ја информираа Владата на Русија во согласност со нејзините договорни обврски – истакна Рајдер.

Слични содржини