Соединетите Држави ќе обезбедат дополнителна воена помош од 100 милиони долари за Украина, вклучително и противтенковски ракетни системи, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
„Заедно со воената помош од 300 милиони американски долари обезбедена од Министерството за одбрана на САД за Украина на 1 април, оваа дополнителна помош ја потврдува посветеноста на САД да и помогне на Украина со повеќе од 2,4 милијарди долари од почетокот на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и повеќе од 1,7 милијарди долари од почетокот на рускиот брутален напад врз Украина на 24 февруари“, се вели во соопштението на Стејт департментот, цитирано од Ројтерс.
Во соопштението се потврдува дека американската администрација ќе продолжи да испраќа воена и економска помош за Украина, како и хуманитарна помош за заедниците загрозени од воениот конфликт во таа земја.