САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од милијарда долари

од Nikola Popovski
130 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека ќе испрати уште еден пакет воена помош за Украина во вредност од една милијарда долари (980 милиони евра). Тоа е најголемата испорака на оружје за Украина од американските резерви.

Новиот американски пакет помош вклучува дополнителна муниција за ракетните системи од типот ХИМАРС, како и артилериска муниција, минофрлачки системи, противтенковски ракетни фрлачи и друга муниција и опрема.

Со него вкупната вредност на американската воена помош за Украина ќе биде околу девет милијарди долари (8,8 милијарди евра).

Пакетот објавен денеска им овозможува на САД побрзо да испратат оружје и опрема во Украина, бидејќи тие ќе бидат испратени од залихите на Министерството за одбрана на САД.

Слични содржини