Војната во Украина е „стратешка катастрофа за Русија“ и „стратешки неуспех за Путин“, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд.
Таа додаде дека има „непобитни докази“ дека војната не го постигнала она на што се надевал рускиот претседател Владимир Путин, поради што Кремљ се обидува да ги „редефинира“ првичните цели.
„Санкциите нанесуваат екстремни трошоци за руската економија“, рече таа, најавувајќи дополнителни санкции за руските технолошки компании кои ја овозможија војната на Путин.
„Ќе ги спречиме да се здобијат со западна технологија и да избегнуваат строги санкции. Ние, исто така, ќе ги прошириме санкциите на дополнителни сектори на руската економија важни за Путин, вклучително и воздухопловниот, поморскиот и електронскиот сектор“, рече таа.