САД не го признаваат Лукашенко за претседател на Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

САД не сметаат дека Александар Лукашенко е законски избран претседател на Белорусија, соопшти претставник на Стејт департментот за РИА Новости. Официјалниот претставник рекол дека изборите на 9 август не биле ниту слободни ниту фер.

„Објавените резултати беа измислени и не го одразуваа легитимитетот. САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за законски избран лидер на земјата“, рече претставникот на Стејт департментот, коментирајќи ја вчерашната инаугурација на Лукашенко.

Лукашенко вчера ја презеде должноста претседател на Белорусија, а инаугурацијата се одржа во Палатата на независноста, објавија белоруските медиуми.

 

Слични содржини