САД: Некои санкции против Русија би можеле да останат на сила и по војната

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека некои санкции против Русија би можеле да останат на сила дури и по евентуалниот мировен договор со Украина, објави „Волстрит журнал“.

Јелен навела дека секој можен мировен договор ќе вклучува преглед на санкциите наметнати на Русија од страна на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, стои во текстот на „Волстрит журнал“, пренесува „Ројтерс“.

„Претпоставувам дека во контекст на мировниот договор, прилагодувањето на санкциите е можно и би можело да биде целисходно“, заклучува таа.