Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека некои санкции против Русија би можеле да останат на сила дури и по евентуалниот мировен договор со Украина, објави „Волстрит журнал“.
Јелен навела дека секој можен мировен договор ќе вклучува преглед на санкциите наметнати на Русија од страна на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, стои во текстот на „Волстрит журнал“, пренесува „Ројтерс“.
„Претпоставувам дека во контекст на мировниот договор, прилагодувањето на санкциите е можно и би можело да биде целисходно“, заклучува таа.