124
Соединетите Американски Држави не гледаат смисла да испратат тенкови Абрамс во Украина, изјави денеска претставниќката на Пентагон Сабрина Синг.
Високите трошоци за одржување на тенковите Абрамс го прават бесмислено нивното доставување во Украина во овој момент, рече Синг, потсетувајќи дека тенковите работат на млазно гориво, пренесува Спутник.
Според неа, Германија е слободна да одлучи каква помош ќе ѝ пружи на Украина.
-Правиме се што можеме за да ја поддржиме Украина во нејзините потреби, рече Синг.
Пратениците во Бундестагот денеска не можеа да гласаат за испорака на борбени тенкови „Леопард 1“ и „Леопард 2“ за Украина, бидејќи некои партии беа против тоа, па прашањето беше префрлено на надлежната собраниска комисија.