САД: Нова жртва од Ковид-19 во Сиетл, нови заболени во Њујорк и Лос Анџелес

од Stefanija Kuzmanovska

Во Сиетл, почина уште еден човек од новиот коронавирус, со што бројот на жртви достигна 10, додека нови случаи се пријавени во два од најголемите градови во САД –  во Њујорк и  во Лос Анџелес.

Медицински службеници исто така ја пријавиле и првата смрт од Ковид-19 во Калифорнија,  постар човек кој бил регистриран како втор заболен во таа американска држава.

Бројот на заболени во подрачјето на Сиетл се искачи на 39, вклучувајќи и 10 смртни случаи, најмногу во САД.

Слични содржини