Силјановска Давкова му се заблагодари на Вучиќ за честитките: Продолжуваме да ги развиваме односите меѓу Белград и Скопје

од Nikola Popovski

Новоизбраната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод честитките за изборната победа, со порака дека се надева на натамошно подобрување на српско-македонските односи.

Силјановска Давкова на социјалната мрежа „Х“ напиша дека многу ѝ значат искрените честитки на Вучиќ.

„Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу претседателе Вучиќ“, напишала довчерашната пратеничка.

Професорката која беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, победи во вториот круг од претседателските избори.

Врз основа на околу 99 отсто преброени гласови, таа освои 65,14 отсто од гласовите, а нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, кој го призна поразот, освои 29,25 отсто. Разликата меѓу двајцата кандидати е речиси 300 илјади гласови.

Слични содржини