САД нудат 10 милиони долари за информации за финансиери на Хамас

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Соединетите Американски Држави нудат 10 милиони долари за информации за пет спонзори на Хамас или нешто што ќе доведе до нарушување на финансиските механизми на палестинската милитантна група, соопшти денеска Стејт департментот.

Понудата доаѓа откако четири пакети американски санкции беа наметнати на Хамас откако палестинската милитантна група го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и киднапирајќи околу 240, според Ројтерс.

Во израелските напади, кои следеа на 7 октомври, според податоците на Министерството за здравство на Газа, загинаа најмалку 22.600 луѓе, додека поголемиот дел од енклавата беше уништен.

Петте лица кои се сметаат за финансиери на Хамас се Абелбасит Хамза Елхасан Хер, Амер Камал Шариф Алшава, Ахмед Саду Џадала и Мухамед Ахмад Абд ал Даџим Насрала, кои претходно беа означени како терористи во САД, додаде Стејт департментот.

Слични содржини