САД нудат пет милиони долари за информација за убиството на еквадорскиот претседателски кандидат

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Соединетите Американски Држави нудат пет милиони долари за информации кои би довеле до апсење на одговорните за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Еквадор и да работат на изведување пред лицето на правдата кои се обидуваат да ги поткопаат демократските процеси“, рече Блинкен, пренесе Ројтерс.

Вилависенсио, поранешен пратеник и новинар за борба против корупцијата, беше убиен во Кито на 9 август, помалку од две недели пред претседателските избори.

Слични содржини