Американските федерални истражители обвинија тројца членови на источноевропска криминална организација поврзана со иранската влада за заговор за убиство на американскa новинарка и активистка со иранско потекло, објави министерот за правда Мерик Гарланд.
Рафат Амиров, Полад Омаров и Калид Мехдијев се обвинети дека биле платени за убиство и перење пари за нивната улога во заговорот зад Техеран, се вели во соопштението за печатот од министерството за правда, пренесе „Гласот на Америка“.
„Жртвата пишуваше за случаи на кршење на човековите права од страна на иранската влада, дискриминација на жените, сузбивање на демократското учество и изразување, произволни апсења, тортура и егзекуции“, рече Гарланд.