Обвинителството на Менхетен ги контактирало адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за да постигнат договор за негово предавање, откако беше обвинет за кривичното дело тајна исплата, изјави портпаролот на обвинителството.
Трамп, помалку од два часа откако беше обвинет, во четвртокот ги повика приврзаниците да помогнат во неговата правна одбрана, пренесува „Ројтерс“.
„Ве молам да дадете придонес – навистина било каков износ – за да го одбраниме нашето движење против бескрајниот лов на вештерки и да ја освоиме Белата куќа во 2024 година“, се вели во е-пошта испратена од групата за собирање средства на Трамп.