Овогодинешниот месец јули е најтоплиот во целата близу 137-годишна историја на температурните мерења, тврдат научниците од САД.
“Просечните температури во светот на земјината и океанската површина во јули 2016 година се највисоки како за овој така и за секој друг месец од годината”, гласи пораката на американската метеоролошка служба (NOAA).
Таа води статистика од 1880 година.