45
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да воведе нови санкции кон Русија кои ќе се фокусираат на приходите од нафта и ќе преземат мерки против танкери кои превезуваат руска нафта, изјавија неименувани извори запознаени со ситуацијата.
Според извори, санкциите ќе бидат насочени кон танкери кои превезуваат руска нафта што се продава по цена повисока од 60 долари за барел, што е граница поставена од Западот, пренесe Ројтерс.
Санкциите, исто така, веројатно ќе вклучат мерки против луѓето вклучени во некои мрежи кои тргуваат со нафта над плафонот на цената на САД, се вели во извештајот.