САД побара екстрадација на седум од обвинетите припадници на ФИФА

од desk3

Владата на САД испратила официјално барање до швајцарските власти во средата за екстрадицијата на седум (од вкупно четиринаесет) од уапсените во месец мај функционери на ФИФА.

2110812634

Обвиненијата се последица на широката истрага на ФБИ, а од Швајцарија најавија дека ќе ги сослушаат вработените на ФИФА пред да дадат крајна одлука. Функционери и адвокатите имаат 14 дена да го дадат својот одговор, а крајниот рок може да биде продолжен само по презентирање на добра причина.

Потоа швајцарските власти ќе излезат со решение за неколку недели, но предупредија дека тоа може да биде обжалено како пред криминален суд, така и пред Врховниот суд.

Уапсените на 27-ми мај функционери на ФИФА, меѓу кои е и потпретседателот на организацијата Џефри Веб, се сместени во различни затвори во регионот на Цирих.

Обвиненијата покренати од страна на САД се за примање поткуп, измами и заговори за перење пари, а истрагата е во тек повеќе од 20 години.

Слични содржини