Соединетите држави поддржуваат укинување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против коронавирусот, со цел да се забрза производството и дистрибуцијата на овие скапоцени серуми во светот, објави во средата администрацијата на американскиот претседател Бајден.
„Ова е глобална здравствена криза, а вонредните околности на пандемијата на Ковид-19 бараат вонредни мерки“, изјави претставникот на американската трговија Кетрин Тај.
„Администрацијата силно верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но за да се стави крај на оваа пандемија, таа поддржува укинување на овој вид заштита за вакцините против корона“, рече таа, додавајќи дека Вашингтон „активно“ бил вклучен во преговорите со Светската трговска организација за да се овозможи укинување на овие патенти.
Таа предупреди дека е потребен глобален „консензус“ за да се одрекне од тој вид заштита според правилата на СТО и дека поради тоа, оваа одлука нема да има брзи ефекти врз глобалното снабдување со вакцини.