САД подготвуваат казни за екстремистичките израелски доселеници на Западниот Брег

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден им рекол на високи американски функционери да подготват опција за забрана на визи и санкции за екстремистичките израелски доселеници кои ги напаѓаат и раселуваат Палестинците на Западниот Брег, според внатрешен американски документ што го видел Политико.

Документот беше испратен до помошниците на државниот секретар Ентони Блинкен и министерката за финансии Џенет Јелен во петокот, наложувајќи им на нивните агенции „да ги разгледаат опциите за казнени мерки против оние кои вршат насилство на Западниот Брег“. Висок американски функционер прочитал делови од документот на Политико во саботата вечерта, веднаш откако Џозеф Бајден објави таква намера во „Вашингтон пост“, објаснувајќи ги причините.

„САД се подготвени да преземат чекори, вклучително и забрана на визите за екстремистите кои напаѓаат цивили на Западниот Брег“, рече Бајден. Директивата дојде во време кога администрацијата на Бајден ја покажа својата намера да ги поддржи палестинските цивили кои имаат потреба, дури и ако тоа значи израелска одмазда против Хамас, додава американскиот портал.

Слични содржини