САД подготвуваат воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари

од Vladimir Zorba
47 прегледи

САД подготвуваат пакет нова дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари (933 милиони евра), јавува Ројтерс, кој имал пристап до тој документ.

Според документот, помошта ќе вклучува ракетни системи ХИМАРС, како и беспилотни летала.

Објавувањето на помошта се очекува денеска на годишниот Форум за национална одбрана „Реган“ во Калифорнија, каде ќе се сретнат политичари и претставници на одбранбената индустрија.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, САД доделија повеќе од 62 милијарди долари (58,6 милијарди евра) воена помош за Киев.

Слични содржини