САД ѝ помогна на Македонија со над 9 милиони долари за справување со пандемијата

од Nikola Popovski
270 прегледи

Огромна благодарност за континуираниот придонес во зајакнување на здравствениот систем, како и за несебичната помош и поддршка од самиот почеток на ковид-кризата, изрази министерот за здравство, Беким Сали, на денешната средба со заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер.

-Вкупната поддршка од американската влада е над 9 милиони американски долари за одговор на нашата држава во справувањето со ковид пандемијата, преку поддршка и зајакнување на лабораторијата на Институтот за јавно здравје, реконструкција на здравствени установи како и средства со кои УСАИД ќе ја поддржи СЗО за континуирано зајакнување на капацитетот за подготвеност од одговор за итни случаи на здравствениот систем за време на пандемијата, со цел обезбедување поголема покриеност и безбедна испорака на вакцините против ковид, истакна министерот Сали.

Денешната средба е во насока на дополнително зајакнување и уште еден чекор напред во унапредување на здравствениот систем во нашата држава.

Слични содржини