САД: Потонатиот брод Москва бил погоден од две украински ракети

од Nikola Popovski
279 прегледи

Соединетите Американски Држави сега веруваат дека потонатиот руски ракетен крстосувач Москва, командниот брод на руската Црноморска флота, бил погоден од два украински ракети, изјави во петокот висок американски претставник. Зборувајќи под услов да остане анонимен, висок функционер рече дека станува збор за противбродски ракети Нептун.

САД веруваат дека имало руски жртви, иако бројките се непознати, додаде официјалниот претставник.

Руските новински агенции во четвртокот ги пренесоа зборовите на нивното Министерство за одбрана дека ракетниот крстосувач Москва потонал во бурните води по пожари и експлозии предизвикани од муниција, која била складирана на бродот.

Украина соопшти дека извршила напад врз Москва од брегот со противбродски ракети Нептун и дека тоа предизвикало пожар и потонување крстосувачи. Руското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека Москва потонала додека се обидувала да влече во пристаниште поради невремето.

Русија има поинаква приказна

Русите тврдат дека командниот брод на руската Црноморска флота претходно бил сериозно оштетен во пожарот, кој бил предизвикан од експлозија на муниција.

Исто така, руските власти велат дека се евакуирани сите 510 членови на екипажот на Москва, што би укажало дека бродот е напуштен во релативно контролирани услови, односно дека не бил оштетен од проектили, бидејќи во тој случај сигурно ќе имало загуби меѓу екипажот.

Ројтерс не успеа да ги потврди тврдењата на ниту едната страна. Доколку се потврди информацијата дека Москва е изгубена по борбите на украинските сили, ќе биде евидентирана како најголема поморска загуба во последните 40 години.

Слични содржини