САД повторно се приклучија на Парискиот климатски договор

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите држави се приклучија на Парискиот климатски договор во петокот, засилувајќи ја глобалната борба против климатските промени, бидејќи администрацијата на Џо Бајден планира драстично да ги намали емисиите на стакленички гасови во следните три децении.

Научниците и странските дипломати го поздравија враќањето на Соединетите држави на договорот, кој стана официјален 30 дена откако претседателот Бајден го нареди тој потег на првиот ден од неговиот мандат.

Скоро 200 земји го потпишаа договорот од 2015 година за да спречат катастрофални климатски промени, а Соединетите држави беа единствената земја што се повлече од нив. Тој чекор го презеде поранешниот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека климатските активности би биле прескапи.

Американскиот пратеник за клима Џон Кери ќе присуствува на виртуелните настани во петок по повод враќањето на САД во договорот.

Слични содржини