САД префрлиле „Патриот“ системи во Саудиска Арабија

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Соединетите Американски Држави префрлија значителен број ракетни системи „Патриот“ во Саудиска Арабија во последните неколку недели, додека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги намали тензиите меѓу се покомплицираните односи на Вашингтон и Ријад, објави Ројтерс.

Висок американски функционер потврдил за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен, дека одбранбените системи „Патриот“ биле испратени во Саудиска Арабија, а ова е одлука што не е официјално објавена.

Тој додаде дека одлуката е во согласност со ветувањето на претседателот Бајден дека „Америка ќе го чува грбот на своите пријатели во регионот“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во неделата ги осуди акциите на силите на Хусите во Јемен, откако извршија еден од нивните најинтензивни напади со беспилотни летала и ракети врз витални енергетски објекти во Саудиска Арабија, што предизвика пожар на една локација и привремено го прекина производството на нафта на други.

АП во септември објави дека Соединетите Држави ги преселиле сопствените одбранбени системи „Патриот“ од воздухопловната база „Принц Султан“ надвор од Ријад, иако Саудиска Арабија се соочи со воздушни напади од јеменските бунтовници и инсистираше на тоа дека ракетите се клучни за нејзината одбрана од нападите на Хусите.

Односите меѓу САД и Саудиска Арабија се затегнати откако Бајден ја презеде функцијата, откако американскиот претседател одби да има директна комуникација со престолонаследникот Мохамед бин Салман и ги отстрани Хусите од листата на терористички групи, наведува Ројтерс.

Слични содржини