Претставничкиот дом на САД усвои резолуција со која се изразува поддршка за приклучување на Финска и Шведска во НАТО, два месеци откако овие земји поднесоа барање да станат дел од воената алијанса во времето на руската инвазија на Украина.
Во понеделникот резолуцијата помина на гласање во Претставничкиот дом со 394 „за“ и 18 „за“, додека само републиканците беа против, а двајца демократи и 17 републиканци не гласаа, објави американската веб-страница „Хил“.