САД: Претставничкиот дом одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Претставничкиот дом на САД одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина.

Претставничкиот дом го усвои предлог-законот за помош на Украина со 368 гласа „за“ и 57 „против“, пренесува „Ројтерс“.

Предлог-законот сега е испратен до Сенатот, кој се очекува брзо да реагира, а потоа претседателот Џозеф Бајден треба да го потпише.