САД објавија дека 12 руски дипломати во Обединетите нации се прогласени за персона нон грата, изјави на прес-конференција постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.
Дипломатите мора да ги напуштат САД до 7 март.
Според него, протерувањето на руските дипломати од Постојаната мисија на Руската Федерација во ОН претставува непочитување на САД кон нивните обврски од Повелбата на ОН и договорот за земјата домаќин.
Осврнувајќи се на сета хистерија на Западот што ја видовме во последните денови поради руската операција во Украина, Небензја рече дека Русија не се чувствува изолирана на меѓународната сцена.
„Ние не се чувствуваме изолирани, во секој случај, не јас. Има многу земји кои ја разбираат позицијата на Русија и она што таа го прави“, рече тој.