350
Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во пукање во близина на ноќен клуб во Чатануга, Тенеси, соопшти денеска полицијата.
Според началникот на полицијата Селест Марфи, 14 лица биле погодени во престрелката, а тројца биле удрени од возила додека се обидувале да побегнат од местото на настанот, пренесе АП.
Две лица загинале од прострелни рани, а третото починало кога возило удрило во него додека се обидувало да побегне од местото на настанот.