САД размислуваат за воздушен транспорт на хуманитарна помош во Газа

од Radmila Tasevska
160 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајен ја разгледува можноста за испраќање хуманитарна помош во Појасот Газа со воени авиони, бидејќи испораката од копно станува се потешка, јавија британски медиуми, повикувајќи се на неименуван американски извор.

Покрај тоа, Канада ќе започне со воздушно испраќање помош во Газа во текот на следната недела, јавија американските медиуми.

Според податоците на ОН, најмалку 576 илјади луѓе или околу една четвртина од населението на Појасот Газа, се на работ на глад.

-Едно од шест деца на возраст под две години во северниот дел на Газа страда од акутна неухранетост и практично сите 2,3 милиони луѓе во палестинската енклава се потпираат на „жалосно неадекватна помош во храна за да преживеат“, соопшти ОН.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, најмалку 30 илјади Палестинци се убиени во Појасот Газа.

Слични содржини