Во овој момент Вашингтон не очекува Русија да го загуби статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, но ќе продолжи со напорите да ја изолира Москва, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд во интервју за PBS.
„Многу сум свесна и сочувствувам со ставот на украинскиот претседател дека Советот за безбедност, според неговото мислење, реагираше бавно, но ние преземаме доста агресивни акции против Русите од почетокот на конфликтот и ќе продолжиме да го правиме тоа“, истакнува Томас-Гринфилд во интервјуто.
Руската амбасада во САД претходно денеска соопшти дека обвинувањата на Вашингтон дека Русија ја прекршува Конвенцијата за хемиско оружје се неосновани.