Руските трупи подготвуваат офанзива на Славјанск, град во источна Украина, во обид да се поврзат со своите сили во регионот на Донбас, според најновата проценка на Вашингтонскиот институт за воени студии.
– Руските сили напредуваат од Изjум со цел да го заземат Славјанск. Тоа веројатно ќе биде следната клучна битка во војната во Украина, се вели во извештајот.
Тоа е минимумот, продолжува извештајот, бидејќи ако не успеат, нивниот обид да ги окупираат источните региони Доњецк и Луганск „веројатно ќе пропадне“.
– Руските сили продолжуваат со мал или никаков напредок во нападите во овие области, се вели во соопштението.
Украинските војници продолжуваат да go контролираат Мариупол и најверојатно ќе им нанесат големи загуби на Русите, според Институтот.