267
САД немаат непријателски намери кон Северна Кореја и се подготвени да го поддржат народот на оваа земја, вклучително и со снабдување со вакцини против корона вирусот, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Да нагласам дека САД немаат апсолутно никакви непријателски намери кон Северна Кореја. Отворени сме за дијалог без предуслови и сакаме да го поддржиме народот на Северна Кореја, вклучително и со помош на вакцини против коронавирус“, рече Блинкен денеска на прес-конференција.