САД: Санкции за секој кој воено ја поддржува руската агресија

од Stefanija Kuzmanovska
120 прегледи

Соединетите Американски Држави можат да воведат санкции за поединци, компании и земји кои ѝ обезбедуваат муниција на Русија или ја поддржуваат руската воена индустрија, соопшти денеска американското министерство за финансии.

Заменик-министерот Воли Адејемо, за време на состанокот со официјални претставници од 32 земји, посветен на санкциите против Русија, рече дека министерството ќе издаде инструкција со која јасно ќе стави до знаење дека Вашингтон е подготвен и решен да воведе такви мерки, пренесе „Ројтерс“.

Министерството за финансии, исто така, ќе издаде предупредување во кое ќе се нагласат активностите на САД против руската воена индустрија, како и ризиците за оние кои ја поддржуваат руската инвазија на Украина.