Се чини дека руските сили напредуваат кон украинските градови Славјанск и Баранивка, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на наводите на неименуван висок функционер на американското Министерство за одбрана.
Тој додаде дека руските сили „постепено, нерамномерно и бавно“ напредуваат кон југоисточниот и југозападниот дел на градот Изјум во Украина.
„Руските сили продолжуваат да користат оружје со долг дострел“, рекол американскиот претставник.
Тој додал дека руските сили користат артилерија и вршат воздушни напади пред движењето на копнените сили, така што нивното движење на теренот е спорадично бидејќи, како што тврди, артилериските и воздушните напади врз украинските позиции немаат ефект каков што сакаат Русите, и тие внимаваат да не се оддалечат премногу од нивните линии за снабдување.