САД се подготвуваат да испратат ракетни системи со долг дострел во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да го зголеми своето оружје во Украина со испраќање напредни ракетни системи со долг дострел, кои сега се главно барање на украинските власти, изјавија неколку неименувани официјални лица.

Администрацијата размислува да го испрати системот како дел од поголем пакет воена и безбедносна помош за Украина, кој би можел да биде откриен следната недела, објави Си-Ен-Ен.

Високи украински функционери, вклучително и претседателот Владимир Зеленски, побараа од Соединетите држави и нивните сојузници во последниве недели да им обезбедат повеќеракетен систем.