САД се враќаат во Советот за човекови права на ОН како набљудувач

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

САД во понеделникот објавија дека повторно ќе се приклучат на Советот за човекови права на Обединетите нации како набљудувач.

Тоа беше објавено од вршителот на должноста во американската мисија при ОН во Женева, на крајот на денешната седница на Советот.

„Задоволство ми е да ве известам дека секретарот (Ентони) Блинкен ќе објави дека Соединетите држави повторно ќе се приклучат на Советот за човекови права на Обединетите нации како набљудувач. Ние го правиме тоа знаејќи дека најефикасен начин за реформа и подобрување на Советот е да се вклучиме во принцип во неговата работа“, рече тој.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Советот за човекови права во 2018 година.

Слични содржини