САД сега ја одвраќаат Турција од воено учество во Сирија

од Vladimir Zorba
90 прегледи

САД се повлекле од одамна упатениот  предлог кон Турција да го зајакне учеството во воздушните напади против “Исламска држава” во Сирија. Тоа го објавија  извори на Ројтерс од американските власти.обамс

Потегот е предизвикан опо настанаот со  огромни тензии меѓу Москва и Анкара, откако турските воздухопловни сили соборија руски воен авион над границата со Сирија минатата недела. До овој момент Турција, која е членка на НАТО, не се вклучуваче во воздушните напади против “Исламска држава”, иако обезбедуваше логистичка поддршка. Дополнителната забавување во напорите на САД е наредното поради усложнувањето во улогата на Турција.

Американските стратези сакаат сериозно учество наТурција ама со затворање на овој дел од нејзината граница со Сирија, која се смета за главен доставувачка  рута на “Исламска држава”. Оваа недела кон американските воздушни напади се приклучи и Велика Британија, а Франција ја зголеми својата улога по крвавите напади во Париз. Министерот за одбрана на САД Еш Картер упати повик и за поголемо турско учество на граница. Според Картер приоритет е граничната контрола, но од Анкара се очекуваа и повеќе воздушни напади  ама врз позициите на исламистите. Вашингтон ги  поддржува турските напади против Курдистанската работничка партија, и двете страни сметаат дека тоа е организација на  терористи .

Според Ројтерс во моментов во администрацијата на претседателот Барак Обама тече сериозна спорна дебата  колку Турција треба да учествува  и каде повеќе. Оваа недела рускиот претседател Владимир Путин го нарече соборувањето на рускиот авион “воено злосторство” и додаде дека Турција ја очекуваат уште санкции. Москва веќе го ограничи увозот на турски јадења, како дел од поголемиот пакет мерки. Запрени беа и преговорите за гасоводот “Турски поток”. Русија спроведува сопствена воздушна кампања во Сирија, од која беше дел и соборениот авион. Таа им помага  на војниците на сирискиот претседател Башар Асад. а Западот и Турција  пак инсистираат Асад да се повлече од функцијата.