228
Американскиот Сенат ќе остане на седница додека не го усвои нацрт-законот за укинување на плафонот на државниот долг од 31,4 трилиони долари, изјави денеска лидерот на демократското мнозинство Чак Шумер, откако некои членови го повикаа да дозволи гласање за амандманите што ризикуваат одложување.
Се вели дека остануваат само уште четири дена за донесување на мерката со која ќе се суспендира лимитот на долгот до 1 јануари 2025 година.
Актот мора да биде потпишан од претседателот Џозеф Бајден, за да се спречи катастрофа што би се случила поради неисполнување на обврските, објави Ројтерс.
„Ќе продолжиме да работиме додека не се заврши работата“, рече Шумер.