САД со поддршка за „Отворен Балкан“: Се привлекуваат инвестиции во енергетиката

од Nikola Popovski
188 прегледи

САД поддржуваат секоја регионална иницијатива заснована на европски принципи, која има за цел економско зајакнување на земјите од Западен Балкан и регионална соработка, посочија денеска од Стејт департментот.

Реакцијата од американскиот Стејт департмент беше објавена еден ден откако претставниците на трите земји кои го иницираа „Отворениот Балкан“ потпишаа договори за меѓусебно признавање на дипломи и научни сертификати и соработка во областа на туризмот и културата, како и меморандум за соработка меѓу даночните администрации во борбата против даночното затајување.

Портпаролот на Стејт департментот одби да го коментира фактот што Косово одбива да биде дел од „Отворен Балкан“ и не сака да присуствува на состаноците, но истакна дека „поблиска и поинтегрирана соработка во рамките на Западен Балкан привлекува инвестиции во енергетиката“.

„САД ги поддржуваат овие и други иницијативи, кои ја продлабочуваат регионалната економска соработка и го унапредуваат европскиот пат“, соопшти Стејт департментот.

„Отворен Балкан“ е иницијатива на Србија, Албанија и Северна Македонија, која започна во октомври 2019 година со цел да се подобри регионалната соработка.

Фото: Profimedia

Слични содржини