
САД со поддршката на Преспанскиот договор, остануваат фокусирани на регионот


– Тоа не е поради добрината на нашите срца, но бидејќи тоа е стратешки интерес на САД да има мир, просперитет и стабилност во Европа, истакна Рикер.
Тој вели дека сите треба да замислат каква може да изгледа иднината на Западен Балкан доколку лидерите во регионот градат врз моментумот на овој историски успех и да постигнат слични компромси и помирувања.
Рикер, кој во моментот ја извршува функцијата политички советник на командантот на Европската воена команда на Воените сили на САД, се осврна на клучните предизвици на западнобалканските држави и на американската поддршка во напорите на овие земји да станат дел од Европа.
Според него, Европа денес е центар на геополитички натпревар. Москва, посочи тој, во изминатите години се обидувала насилно да ги прецрта границите во источна Европа вршејќи притисок врз соседите, спроведувајќи кампања на дезинформации и мешање против Западот.
САД и Европа, рече, мора да работат заедно за да обезбедат Западот да остане најатрактивниот модел за модерни и слободни општества.
-Во земјите што го одбраа западниот пат ние ќе продолжиме да даваме поддршка за да ги забрзаме демократските реформи со цел да можеме да ги вклучиме кон нациите на западната заедница. Нашата надеж за вашата иднина е стабилен Балкан што е во линија со нашите заеднички вредности, целосно интегриран во западните институции и отпорен на дестабилизација и штетни влијанија однадвор, рече Рикер.
Политиката што САД ја спроведува на Балканот, а со тоа и во земјава, додаде тој, се поклопува со интересите и аспирациите на земјите за членство во ЕУ и НАТО.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.