Поранешната сопственичка на погребно претпријатие во американската сојузна држава Колорадо, Меган Хес, е осудена на 20 години федерален затвор поради секција на околу 560 трупови и продажба на делови од тела без дозвола.
Нејзината мајка, Ширли Кох (69), која била задолжена за секција на телото, е осудена на 15 години затвор, пренесува Ројтерс.
Федералниот истражен случај беше започнат по серијата истражни написи на Ројтерс за нерегулираниот пазар за делови од телото во САД.