САД станаа нов центар за дигитално рударство

од Vladimir Zorba

Откако Кина одлучи да ги санкционира сите дејствија поврзани со биткоин, првенствено рударство, САД стана светски центар на оваа индустрија.

Кон крајот на август, Соединетите држави беа одговорни за 35,4 проценти од „хаш-стапката“, единица за компјутерска моќ потребна за рударство на криптовалути, според студијата на Центарот за алтернативни финансии во Кембриџ објавена во средата. Според неа, овие активности се удвоиле во споредба со април 2021 година.

Ненадејното зголемување на учеството на САД во рударството и другите крипто-активности беше стимулирано со одлуката на Кина целосно да ја санкционира индустријата за криптовалути со цел да се намали финансискиот ризик, пренесе „Блумберг“.

Кога беше создаден биткоин во 2009 година, оваа азиска нација беше најголемата база за „дигитални рудари“ кои користеа евтина електрична енергија од јаглен и хидроенергија.

Интензивните напори на Пекинг да ги отстрани криптовалутите од пазарот вродија со плод. Уделот на Кина во рударството на биткоин од 75% во септември 2019 година сега достигна нула.

Сепак, не треба да се исклучи можноста дека се уште постои тајно рударство во Кина преку приватни виртуелни мрежи што се поставени така што изгледа како активноста да се одвива во друга земја.

Овие рудари бараат ефтина струја и помалку ограничувачки влади, како што се САД, со цел да го поттикнат растот на виртуелните валути, кој веќе се приближува до рекордната вредност. Токените пораснаа за 370 проценти од ланската трговска размена од околу 54.659 долари, со вкупна пазарна вредност од околу 1.000 милијарди долари.

Во Казахстан, „хаш-стапката“ од 8,2 проценти во април достигна ниво од 18,1 проценти во август, а рускиот удел се зголеми од 6,8 проценти на 11 проценти за истиот период.

Слични содржини