САД: Судот блокираше депортација на наводни членови на венецуелска банда

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Американскиот Врховен суд денеска издаде наредба до администрацијата на Доналд Трамп да не презема никакви чекори за депортирање на наводни членови на венецуелски банди кои моментално се во Тексас додека трае судската постапка, пренесоа американските медиуми.

Врховниот суд и нареди на администрацијата на Трамп привремено да ги запре депортациите на венецуелските граѓани обвинети за кршење на Законот за непријателски странци, пишува NBC News.

Судот ниту го одобри ниту го одби предлогот поднесен од адвокатите на затворениците, но фактички ја запре постапката за оние кои моментално се притворени во јурисдикцијата на Северниот округ на Тексас.

Слични содржини