149
Три лица, меѓу кои и едно дете, се убиени во куќа на Флорида, откако врз нив пукало лице, кое подоцна било убиено од полицијата по пријава за семејно насилство, јавува агенцијата Анадолија.
Полицајците слушнале истрели во куќата два часа по полноќ. Откако се упатиле кон објектот, осомничениот излегол и отворил оган врз нив, при што бил застрелан, соопшти полицијата во Орландо.
Во куќата полицијата пронашла три жртви, меѓу кои и едно дете, кои биле пренесени во болница. Три жртви починале од повредите.
Осомничениот, исто така, починал откако бил пренесен во болница, потврди полицијата. Двајцата полицајци кои учествувале во престрелката не се повредени.
Идентитетот на осомничениот, жртвите и полициските службеници се уште не е соопштен.