Тензиите растат: турските обвинувања упатени кон САД, може да ги влошат односите меѓу двете земји, предупредуваат Обама и Кери. Истовремено пак во Турција се зборува за враќање на смртната казна.
Часови по неуспешниот обид за преврат во Турција, тензиите меѓу Вашингтон и Анкара се зголемуваат. Американскиот претседател Барак Обама ја повика турската влада на воздржаност, како и да ги почитува законите во истрагата против пучистите. Според податоците на Белата куќа, во телефонска конференција со советниците на турскиот претседател Обама истакнал и значењето на заедничките предизвици со кои се соочуваат САД и Турција – како борбата против тероризмот.
Американскиот државен секретар, исто така упати сериозни сигнали кон Турција. Тој го предупреди својот турски колега, Мевлут Чавушоглу, дека со своето однесување Анкара би можела да нанесе сериозни штети на турско-американските односи. Џон Кери ги отфрли категорично турските претпоставки дека САД биле вмешани во обидот за преврат. Според портпаролот на Стејт департментот, Кери дал јасно дознаење дека Вашингтон е подготвен да ги поддржи турските власти во истрагата против пучисите, но истовремено истакна дека секакви тврдења или совети во врска со какво било учество на САД во овој обид за државен удар се погрешни и штетни за билатералните односи.
Во саботата, набргу откако Обама и Кери осудија обидот за преврат во Турција и побараа поддршка на демократско избраното турска влада, турскиот министер за труд Сулејман Сојлу посочи дека самата Америка веројатно стои зад овој неуспешен пуч.