
Соединетите Американски држави ја повикаа Турција да ја зачува Аја Софија и го повтори своето разочарување од одлуката на турската влада да го промени статусот од музеј во џамија.
„Соединетите држави ја повикуваат турската влада да го зачува наследството на овој извонреден објект и неговата ненадмината можност, толку ретка во современиот свет, да му служи на човештвото како многу потребен мост меѓу луѓето со различна вера, традиција и култури“, се вели во соопштението на „Hellas Journal“, пренесува Танјуг.
Турската влада, како што се наведува, се обврза да ја зачува историската религиозна иконографија на Аја Софија и да обезбеди бесплатен пристап до сите посетители, пренесува АНА.
Аја Софија служела како православна црква 916 години, сè до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.
Турски суд ја поништи таа одлука на 10 јули годинава, а статусот на џамија беше вратен во Аја Софија, каде вчера се одржа првата молитва по 86 години.
Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија е вклучена на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.