Маж во американскиот град Феникс уби жена и две деца и потоа се забарикадирал во станот, јави AP.

Полицијата стигнала на местото на злосторството, но напаѓачот во неколкучасовната драма успеа да рани и полицаец. Потоа имало престрелка по која мажот е уапсен, а полицијата во станот затекнала ужасна глетка.
Едното дете имало 10 месеци, а другото 11 години.
Нема информација за мотивите на трагедијата, а полицијата не наведе дали напаѓачот е во сродство со убиените. Истрагата е во тек.